ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ОЗНАЧУВААТ ЦРВЕНАТА, СИНАТА И БЕЛАТА БОЈА НА ПАСТАТА ЗА ЗАБИ !? Секоја од нив има своја цел, а еве кои се главните состојки
Еве што се крие зад овие бои на пастата за заби!
Денес на пазарот има безброј пасти за заби – од обични бели, до црни (јаглен) и шарени… Но, една боја на паста за заби им остана во сеќавањето на многумина- поточно станува збор за пастата со бои црвени, сини и бели.
А дали знаевте дека секоја боја на оваа паста за заби има посебно значење или подобро кажано се состои од посебна состојка која помага во здравата дентална хигиена ?
На пример, белиот дел од пастата за заби содржи супстанции кои ја отстрануваат плаката и како резултат на тоа ги избелуваат забите. Црвената линија на пастата обично содржи витални елементи за правилна нега на непцата, а синиот дел содржи антимикробни компоненти и компоненти за освежување на здивот. Ваквиот изглед на пастата не е неопходен и не сите пасти се со иста боја, туку секоја ги содржи потребните состојки за одржување на здравјето на забите и непцата.
Главните состојки на пастата се:
- абразиви (25-60%)
- состојки (20-40%)
- вода (15-50%)
- боја (до 3%)
- детергенти (до 2%)
- врзива (до 2%)
- ароматични материи (до 1,5%)
- конзерванси
- стабилизатори
- слатки материи
- профилактички агенси (како флуор)
- лековити материи