Дали Илон Маск ќе одлучи кој ќе биде новиот претседател на САД !? Еден од најбогатите луѓе во светот не ги крие своите ставови, а денес најави голем ‘бум’!

Илон Маск одлучи да се вклучи во трката за освојување на Белата куќа во 2024 година. Суперуспешниот и контроверзен милијардер вообичаено не ги крие своите политички ставови, а сега е најавено дека тој за претседателски кандидат ќе го промовира гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

Во текот на денот, Илон Маск треба да разговара во живо на својата социјална мрежа Твитер со Рон ДеСантис, политичар од тврдата десница, кој ги оживеа финансиите на Флорида и е фаворит според анкетите во хипотетичката директна битка со Џо Бајден

Сепак, Рон ДеСантис допрва треба да се соочи со Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори за претседателски кандидат, што, судејќи според неговата популарност во партијата, ќе биде потешка задача за него отколку евентуална подоцнежна конфронтација со Џо Бајден.

Рон Десантис
Рон ДеСантис

Токму затоа поддршката на Илон Маск за Рон ДеСантис има голема тежина во моментов. Со долгото одложување на неговата претседателска кандидатура среде републиканските прелиминарни избори, Рон ДеСантис ја подигна атмосферата, а интересно е што реши да направи бум одлучувајќи да не ја објави големата вест (која апсолутно сите ја очекуваат) на конзервативната – популистичката телевизија Fox News, туку на социјлната мрежа Твитер преку разговор со Илон Маск, а во модераторство на Дејвид Сакс, републикански донатор и супербогат технолошки претприемач близок до Илон Маск.

Во овој случај, ирелевантно е што овој чин симболично сериозно ја поткопа важната медиумска позиција на Fox News, особено по разрешувањето на најпопуларниот водител Такер Карлсон, но се поставува прашањето дали влијателните и богатите можат да ги насочат изборите во Соединетите Американски Држави преку комбинација на јавна и финансиска поддршка.

Илон Маск е, може да се каже, политички биполарен. Едно време тој гласаше за Барак Обама, но не беше многу задоволен од степенот до кој неговата администрација ги стимулира неговите деловни интереси. За време на пандемијата, тој дефинитивно се префрли на републиканските симпатизери. Во исто време, Илон Маск не се обложува само на еден „политички коњ“ за трката. Заедно со Рон ДеСантис, тој преку објава на неговата социјална мрежа го поддржа и републиканскиот сенатор Тим Скот од Јужна Каролина.

Изгледа дека Доналд Трамп не е по вкусот на Илон Маск бидејќи веќе извесно време влијателниот бизнисмен ја повторува тезата дека не верува дека Доланд Трамп повторно ќе се кандидира бидејќи едноставно е престар. Во таборот на Доналд Трамп, тие добија очигледна задача да започнат пресметка со Илон Маск.

Ова е една од најнедопирливите кампањи во модерната историја“, изјавила Каролина Левит од движењето на Доналд ТрампMake America Great Again (MAGA) во превод – „Да ја направиме Америка голема повторно

Таа лично го исмејуваше Рон ДеСантис со изјавата дека само елитистичката афтер-забава во одморалиштето „Four Season“ во Мајами организирана за донаторите на Рон ДеСантис била уште полоша од неговата кампања со Илон Маск. Со други зборови, дури и Доналд Трамп изгледа се плаши од сумата на пари што може да се собере на овие собири. Се чини дека судирот Рон ДеСантисДоналд Трамп за републиканците може да биде многу валкано-забавен, а можеби и изборот на американскиот претседател пред да се соочи со демократскиот кандидат.

Патем, како што Илон Маск го уништува Доналд Трамп велејќи дека очекува дека нема да се кандидира за претседател поради годините, истото уште појасно му го кажува на Џо Бајден како најверојатен кандидат на демократите. Илон Маск експлицитно вели дека во 80-тите години Џо Бајден повеќе не е биолошки способен да остане „во контакт“ со гласачите, ниту пак е во состојба да носи правилни одлуки во одредено време.