Дали имате проблеми со варењето на храната? Избегнувајте ги овие намирници по 17 часот

Запекот и проблемите со варењето се сè поголем проблем за многу луѓе, а она што го јадеме пред спиење може да ги влоши работите. Иако внесувањето влакна и течности се клучни за здраво варење, одредени видови храна – особено ако се консумираат навечер – можат да го забават празнењето на цревата. Експертите предупредуваат дека вечерните закуски може да бидат причина зошто се чувствуваме уште полошо наутро. Подолу се наведени видовите храна што треба да ги избегнуваме по 17 часот и што да јадеме наместо тоа.

Масна храна

Храната богата со масти како сирењето, преработените грицки и тешката брза храна може значително да го забават варењето на храната навечер.

,,Ако сте склони кон запек, избегнувајте масна храна пред спиење – како сирење, грицки и брза храна“, вели нутриционистката Саманта ДеВито за EatingWell.

Дури и здравите масти можат да бидат проблем во големи количини.

„Путерот од јаткасти плодови може да го забави празнењето на желудникот и да предизвика запек“, додава регистрираниот диететичар Кери Конлон.

Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, тестенините, белиот ориз и десертите може да бидат утешни вечерни закуски, но се лош избор за варење. „Овие намирници немаат доволно влакна за да им помогнат на вашите црева правилно да функционираат“, вели регистрираниот диететичар Рајан Гајгер. Конлон додава: „Рафинираната, преработена храна го забавува варењето на храната и може да предизвика запек“. Наместо тоа, одлучете се за храна богата со растителни влакна како овес, киви и урми.

Млечни производи

Кај луѓето со чувствително варење, консумирањето јогурт, млеко или сирење навечер може да предизвика надуеност и запек.

,,Млечните производи содржат протеини и масти кои се побавно разградливи, што може да го забави варењето“, објаснува ДеВито.

Доколку млечните производи предизвикуваат проблеми со варењето навечер, можеме да ги замениме со опции на растителна основа или без лактоза кои полесно се варат.