Дали и вие не можете да се разбудите без утринско кафе ? Пет супер трикови како да се ‘освестите’ и без популарниот црн пијалок, а да бидете сепак полни со енергија!

Ако првото нешто што го правите кога ќе се разбудите е да пиете кафе, треба да знаете дека постојат некои „трикови“ подобри од овој црн пијалок кои помагаат да го започнете денот на подобар начин!

Познато е дека кафето ни помага побрзо да се разбудиме, но придобивките од овој пијалок се сепак спротивставени мислења на експертите. А што треба да направете ако не сте љубител на кафе ? Како да се разбудите што е можно побрзо ? Постојат неколку начини, а еве неколку…

Нутриционистите открија неколку трикови кои ни помагаат да се разбудиме и без кафе и кофеин! Со помош на овие пет трикови ќе го започнете утрото полни со енергија, без да испиете ниту една голтка од црниот пијалок.

1.) ТОПЛО КАКАО – Овој пијалок е полн со флавоноиди, за кои во бројни студии е докажано дека се одличен елемент при будењето. Го подобруваат расположението и го подобруваат решавањето на тешки математички проблеми, затоа направете топла шолја какао наместо кафе наутро.

2.) ПОЈАДОК – Појадокот е најважниот оброк во денот, го започнува метаболизмот, го буди телото и дава енергија. За првиот оброк се препорачува нешто крцкаво, житарки или леб. Процесот на џвакање храна ги буди умот и телото.

3.) ТРЕНИНГ – Можеби најтешкиот начин за будење, но и најефективниот. Едноставно утринско истегнување го зголемува крвниот притисок и му сигнализира на телото дека е време да се разбуди. Трчањето е добар начин да се разбудите, доколку немате време наутро, пробајте го овој метод за викенд и погрижете се остатокот од денот да помине многу поефикасно и поодморено.

4.) СВЕЖ ВОЗДУХ – Отворете го прозорецот, излезете надвор од зградата или во дворот, вдишете го воздухот што ќе ве разбуди и ќе ве подготви за новиот ден.

5.) МИРИС НА НАНЕ – Истражувањата покажаа дека мирисот на нане, односно нането, одлично ги буди телото и умот. Направете чај од нане и започнете го денот подготвен и одморен. За ефикасен и квалитетен ден се препорачува шолја после појадок.