Дали комарците ве излудуваат? Пресечете го ова овошје и ставете го во ќош, никогаш повеќе нема да ги видите!

Топлите летни вечери се идеални за престој на отворено, се додека не се појават досадните мали крвопијци.

Кога живата на термометарот ќе се искачи на 40 °C, не ни останува ништо друго освен да се скриеме во климатизирана просторија и да ги чекаме вечерните часови со надеж дека ќе дува малку ветре. А потоа можеме да се опуштиме, да ги поканиме пријателите на дружење, скара, торта, чаша освежителен пијалок, гледање ѕвезди… Топлите летни вечери се идеални за поминување време на отворено, се додека не се појават досадните комарци. Овие мали крвопијци можат да ја уништат речиси секоја летна вечер, како што сме виделе сами безброј пати. Сепак, можно е и да се стави крај на тоа, со многу едноставни решенија од природата.

На пример, додека печете на скара, вметнете гранче рузмарин во еден агол од скарата и ставете исечени половини од лимон на масата, а потоа вметнете каранфилче во нив. Вашиот двор ќе шири пријатни мириси кои нема да ги сакаат инсектите.

Исто така, во непосредна близина на надворешната маса или троседот, поставете тегли и жардинери со растенија кои ќе станат ваши ефективни сојузници во борбата против инсектите. Маточината е одлично растение за одбивање муви, а свежите листови од ова растение можат да ви помогнат при каснување од комарец. Со прстите тријте ги листовите за да го исцедите сокот и да го подмачкате местото на убодот. Лавандата е растение кое исто така ги отфрла комарците и мувите, исто како и висечкиот темјан.