ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ ИМА ДОГОВОР ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО: Што се договорија Шведска, Финска и Турција ?

Турција денеска во Брисел потври дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за пристапување во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби“, изјави главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром.

Видовме дека Турција призна дека Шведска и Финска презедоа конкретни чекори во овој договор, што е добар знак“, истакна Стенстром на прес-конференцијата во седиштето на НАТО, пренесоа британските медиуми.

Шведскиот дипломат посочи дека трите земји ќе одржат нови средби, но не прецизираше датум.

Турција досега отворено се спротивставуваше на влезот на двете скандинавски земји во НАТО.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година поради зголемената загриженост за безбедноста откако Русија ја нападна Украина, но наидоа на блокада во Турција, која вели дека Стокхолм бил засолниште за членовите на терористичките групи.

Анкара неодамна посочи дека може само да го одобри влезот на Финска во НАТО