Да се чека во станица за технички преглед или пак да се купи од продавница или преку оглас на социјалните мрежи. Дали е кривично дело доколку налепницата со код „НМК“ граѓаниот сам ја купи и залепи на регистарската таблица. Од МВР нема одговор а во правилникот не е наведено кој каде и како треба да ги доставува и лепи налепниците. Она што е јасно е дека до 31 декември налепница со код „НМК“ не е потребна доколку граѓанинот не планира со неговиот автомбоил да ја напушти државата.
Граѓаните се во дилема, дали да чекаат да им се посреќи на некоја станица за технички преглед и да добијат налепница со кодот „НМК“ за регистарските таблички или пак да купат од продавница или од социјалните мрежи и да ја залепат на своја рака. Дали законот се крши или пак е сосема легално налепницата „НМК“ на регистарската табличка да биде залепена од сопственикот на возилото останува нејасно.
Од МВР побаравме одговор дали има интерно упатство до станиците за технички преглед околу налепниците, дали е кривично дело да се набави налепница од друго место освен од станица за технички преглед и дали се внесува некаков податок во системот и сообраќајната дозвола во станицата за технички преглед при давањето и лепење на налепница но засега одговор нема.
Она што е јасно е дека во правилникот кој се однесува на налепниците со кодот „НМК“ , потпишан од министерот Оливер Спасовски на 29 мај 2023 година а објавен во службен весник број 114 од 5 јуни минатата година а потоа и од техничкиот министер Панче Тошковски на 12 февруари годинава не е прецизно наведено каде треба да се набават налепниците и кој смее да ги продава или става на регистарските таблички. Единствено е наведено дека тие треба да бидат изработени од рефлектирачка фолија отпорна на надворешни влијанија и дека нивното важење е до 31 декември оваа година.
Граѓаните кои имаат стари регистарски таблици не се должни да ја имаат налепницата „НМК“ се до 31 декември оваа година освен доколку не планираат со возилото да ја напуштат државата бидејќи во тој случај е задолжително но заклучно со 31 декември ќе мора да ја сменат регистарската табличка доколку е со три бројки или четири бројки но без кодот „НМК“