Дали Милорад Додик сам си пресуди со сопствениот потпис !? Лидерот на босанските Срби е обвинет и може да заврши на топол оброк
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, во петокот потпиша указ за прогласување на законот, кој претходно беше отфрлен од високиот претставник Кристијан Шмит, со што продолжи да го интензивира конфликтот со меѓународната заедница.
Од кабинетот на Милорад Додик потврдија дека тој го потпишал законот според кој одлуките на високиот претставник нема да се објавуваат во Службен весник на субјектот, ниту да се спроведуваат.
Но, Кристијан Шмит го поништи тој закон на 1. јули, а во исто време одлучи дека секој обид за спроведување на законот ќе стане кривично дело казниво со години затвор.
Со формалното објавување на спорниот закон, Милорад Додик сега е потенцијален обвинет за кривично дело дефинирано како – „неизвршување на одлуките на високиот претставник“.
Доколку би бил осуден, тоа би значело автоматска забрана за вршење на сегашната функција.
По интервенцијата на високиот претставник, лидерот на босанските Срби постојано ја засилува полемиката со претставниците на меѓународната заедница во БиХ, каде најжестоко го напаѓа Кристијан Шмит, но и амбасадорите на САД и Велика Британија, земји под кој тој е под долгогодишни санкции.
Објавувајќи ја својата одлука на 1. јули, Кристијан Шмит повика на дополнително воведување „целни санкции“ против лицата за кои се проценува дека го загрозуваат мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто неделава за време на неговата посета на Бања Лука потврди дека Владата на Виктор Орбан ќе продолжи да се противи на воведувањето санкции на ниво на Европската унија, што потоа ја исклучува одлуката што би ја донел Европскиот совет.
Медиумите во БиХ сега шпекулираат дека се разгледува опцијата за санкции кои би биле воведени поединечно од земјите на ЕУ кои се подготвени да го сторат тоа.
Порталот Klix.ba во петокот тврди дека најмалку 20 членки на ЕУ се подготвени на тој чекор за кој наводно интензивно се преговара.
Покрај Милорад Додик, кој веќе не може да патува во САД и Велика Британија, на списокот на казнети наводно ќе се најдат и неговите најблиски соработници, како што се претседателот на Парламентот на РС, Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ.