“ДАЛИ МОЈОТ ИЗБОР БЕШЕ ПОГРЕШЕН ИЛИ ДОБАР…“ – Стојанче Ангелов сам си ја честиташе 3-годишнината како директор на ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, преку објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, си го честиташе „роденденот“ односно три-годишнината од неговата раководна позиција како прв човек на оваа многу важна институција.

Стојанче Ангелов во својата објава прашува дали неговиот избор за директор на ЦУК бил погрешен или добар, но и дека за тоа можат да кажат само граѓаните.

Ден по ден – година, година по година – три години. Три години на чело на Центарот за управување со кризи. Дали мојот избор беше погрешен или добар, секојдневно кажуваат граѓаните“, се вели во објавата на Стојанче Ангелов.

Во изминатите три години, граѓаните се сведоци како Стојанче Ангелов преку објави на социјалните мрежи го билда својот мачо изглед, а многу често тој под неговите објави го добива и епитетот – „супермен“.

За тоа како Стојанче Ангелов си ја работи работата како прв човек на ЦУК, најдобро мислење можат да дадат граѓаните.