Ако не влеземе во големи инфраструктурни проекти, автопатиштата, експресните патишта, аеродроми ќе нè претекнат други земји, изјави премиерот на црногорската влада во технички мандат, Диртан Абазовиќ и додаде дека на Црна Гора не и’ се заканува банкрот.
Абазовиќ за RTCG изјави дека Црна Гора е привлечна за инвеститорите кои сакаат да купат недвижен имот.
Тој истакна дека економијата треба да биде отворена, а да се постават полесни правила за стекнување имот.
Абазовиќ негираше дека на Црна Гора и’ се заканува банкрот.
– Нивото на јавниот долг е под европскиот просек – рече црногорскиот премиер.