ДАЛИ НА ЏО БАЈДЕН МУ СЕ ЗАКАНУВА ИМПИЧМЕНТ !? Конечно се огласи и Белата куќа: “Републиканците немаат докази, никој не верува!“

Белата куќа верува дека републиканците немаат докази за отповикување на американскиот претседател Џо Бајден, соопшти во средата секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Во вторникот, претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, објави дека наредил формална истрага за импичмент на Џо Бајден.

Според него, претседателот и неговото семејство се вмешани во корупција и злоупотреба на службената положба.

Белата куќа ја негира можноста за какво било прекршување на законот од страна на претседателот, наведувајќи дека постапките на Кевин Мекарти се „екстремна политика“ и немаат недвосмислена поддршка дури и кај републиканците.