Пејачката Ријана неодамна ја претстави најновата колекција женска долна облека за жени, а фотографии од снимањето објави на Инстаграм.
Како што можете да видите, најновата колекција на брендот „Savage X Fenty“ вклучува градници, оглавици и долна облека од црна тантела, а пејачката овие парчиња облека ги претставила на смел начин.
Прекрасните гради и завидната фигура беа во преден план, а Ријана докажа дека зрачи со сексипилност и по две породувања.
Фотографиите на Ријана предизвикаа вистински метеж на мрежите, а нејзините многубројни обожаватели, судејќи по фотографиите, не можат да поверуваат дека таа родила две момчиња.
„Сезона на русокоси“, „Таа е вистинска закана“, „Отсекогаш си била секси и убава“, „Се онесвестувам секогаш кога ќе ги видам твоите фотографии“, се само дел од коментарите…