ДАЛИ ОВА Е ТАЈНОТО ОРУЖЈЕ НА ИЗРАЕЛ!? Овие зборови на Џо Бајден за време на посетата на Тел Авив кажуваат многу

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен денеска се сретнаа со израелски доктори и членови на итната помош, кои им пружија помош на жртвите од нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел.

Медицинските работници им кажале како се однесувале со повредените од почетокот на нападот на 7. октомври, а потоа Ентони Блинкен одговорил со репликата „преголемото жртвување го прави срцето да се претвори во камен“ и им рекол на докторите:

Но, никое од вашите срцата не се претворија во камен“, пишува Times of Israel.

Тој ја изразил својата почит кон начинот на кој медицинските работници гордо се однесуваат кон жртвите, без разлика дали се Евреи или муслимани.

Џо Бајден рекол дека е убеден дека колку повеќе луѓето учат за приказните на медицинските работници, толку повеќе ќе го прифатат Израел.

Претседателот на САД рекол дека поранешната израелска премиерка Голда Меир еднаш му рекла дека „тајното оружје“ на Израел е дека Евреите немаат каде да одат.

Не мора да си Евреин за да бидеш ционист“, заклучил Џо Бајден.