Дали овој детаљ од кобното утро беше мотив за масакрот во „Рибникар“?! По оваа средба, момчето-убиец заминало директно во училиштето каде го изврши масакрот
Кобното утро на трети мај, момчето-убиец одејќи кон основното училиште „Владислав Рибникар“, недалеку од неговата зграда сретнал момче на негова возраст.
Момчето – монструм за момент го погледнало, а потоа се поздравиле и секој тргнал по својот пат. Некои се сомневаат дека можеби оваа средба поттикнала нешто во него.
Како што пипува српска ,,Република”, момчето монструм се обидело да се запише во средното математичко училиште во Белград во средината на 2022 година, десет месеци пред масакрот.
Тој паднал на приемниот испит што го полагал по завршувањето на шестото одделение со намера во седмо одделение да оди во математичка гимназија, а кога дознал дека не го положил тестот за малку ќе доживеал нервен слом. Ужасно се плашеше од реакцијата на неговите родители, знаејќи колку се грижат тој да се запише во тоа училиште.
Освен тоа, го изнервирало што момче од неговото училиште и од соседното одделение положило приемен испит и се запишало, за разлика од него.
– Момчето убиец падна на приемниот испит, додека неговиот другар од училиште успеа добро да се подготви и да го положи тестот. Исто така, тоа друго момче имаше повеќе поени на стартот затоа што го освои првото место на општинскиот натпревар каде момчето убиец освои само пофалница за учество на натпреварот. Значаен успех на градскиот натпревар постигна и неговиот другар од училиште, а момчето убиец имаше пик на него поради љубомора и завист – изјави изворот на Република.
Да потсетиме, момчето убиец пукал со рафали кон своите пријатели и соученици, како и кон тројца ученици кои не ги познавал. Убил девет од нив и еден училишен чувар, ранил петмина, како и наставникот по историја.