Дали огромните амбиции на родителите можат да го уништат развојот на детето и да донесат повеќе штета отколку успех !? Ова истражување го има одговорот – резлутатите се изненадувачки

Децата се повеќе одат на разни вон-наставни активности, а густиот распоред и превисоките очекувања може да го загрозат развојот на детето и семејните односи, покажуваат стручните истражувања.

Спортот, јазиците, музичкото училиште, глумата и разните споредни активности, доколку се пренатрупаат, може да им донесат на децата повеќе штета отколку корист, покажуваат научните истражувања. Повеќето родители се трудат да го направат своето дете успешно, како и да пронајдат активности кои позитивно ќе влијаат на психофизичкиот развој, ќе ја намалат употребата на телефони, играњето игри и престојот пред екранот, но и тука е важно да се пронајде вистинскот баланс.

Илустрација
илустрација

Резултатите од истражувањето објавени во списанието Sport, Education and Society откриваат дека родителите се повеќе ги ангажираат децата во вон-наставни активности, но и дека пренатрупаниот организиран распоред на активности може да ги преоптовари семејните односи и ресурси, како и потенцијално да му наштети на развојот на децата…

Во обид да разберат како повеќе вон-наставни активности влијаат врз децата, истражувачите интервјуирале речиси 50 семејства од дванаесет основни училишта во северозападна Англија. Тие откриле дека повеќето деца (88%) учествуваат во организирани активности четири до пет дена во неделата, при што 58 отсто од децата одат на повеќе од една активност во една вечер. Утврдено е дека вон-наставните активности суштински доминираат во семејниот живот, особено во семејствата со повеќе од едно дете.

Овој начин на живот често носи негативни резултати бидејќи семејствата поминуваат се помалку време заедно, а парите и резервите на енергија на родителите често се исцрпени. Една мајка при истражувањето навела дека нејзините деца се уморни и не влегуваат дома пред 21 или 22 часот.

Истражувачите откриле дека во општеството се зголемува притисокот врз децата од родителите и од училиштата и дека децата често немаат време да си играат во текот на денот и дека недостига време за разговори меѓу родителите и децата.

Знаеме дека родителите особено сакаат да се погрижат нивните деца да напредуваат во животот“, објаснил главниот автор на студијата д-р. Шерон Вилер.

Во време кога семејствата вообичаено имаат повеќе од еден автомобил, а вработените родители имаат малку дополнително време надвор од работа, вон-наставните активности станаа „попогодна“ опција од кога било досега, но Шерон Вилер ги предупредува родителите да внимаваат да не ги претрупуваат децата со секакви активности.

Подигнувањето на свеста за ова прашање може да им помогне на оние родители кои чувствуваат притисок да инвестираат во организирани активности за своите деца и се загрижени за влијанието на таквите активности врз нивното семејство, да имаат доверба да планираат помалку бурен распоред за своите деца“, истакнал авторот на истражувањето.

Авторите на истражувањето сугерираат дека е важно да се воспостави рамнотежа помеѓу активностите, слободното време, училиштето и семејниот живот. Во спротивно, премногу вон-наставни активности всушност можат да му нанесат повеќе штета отколку корист на детето.