Дали повторно ќе биде откажан натпреварот со Ливерпул: Погледнете како изгледа стадионот во пресрет на дуелот (Видео)
Временските услови повторно создаваат проблеми во пресрет на еден од натпреварите на Ливерпул, па одигрувањето на вечерашниот дуел со Лестер е под знак прашалник.
Пред само неколку недели градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул беше одложено поради невремето, а сега на неколку часа пред почетокот на натпреварот е под знак прашалник дали Ливерпул и Лестер ќе бидат на терен.
Англиските медиуми јавуваат дека во текот на денот се зголемува загриженоста дали натпреварот ќе се одигра поради густата магла на стадионот и во близина.
Сепак, како што сега стојат работите, Ливерпул се убедени дека сепак ќе може да се игра натпреварот и испратија предупредување до своите навивачи.
„Доколку доаѓате на денешниот натпревар, погрижете се да заминете порано од вообичаено поради маглата на и околу стадионот Енфилд. Ве молиме внимавајте кога патувате“, се вели во соопштението на „црвените“.
Истовремено, од The Athletic наведуваат дека сепак очекуваат натпреварот да се одигра во Ливерпул.
Густата магла во Мерсисајд предизвикува загриженост, но официјалните лица на натпреварот инсистираа дека не е потребна проверка на стадионот во 16 часот“, изјавија од Атлетик.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Лестер треба да се одигра од 21 часот вечерва