Многу воспоставени модели на однесување се навики за кои не ни размислуваме во текот на денот. Сепак, многу од нив можеме да ги направиме погрешно, па затоа треба да ги преиспитаме нашите сегашни начини на размислување и вршење на нашите активносто. Една од овие навики се однесува и на правилната употреба на дезодорансот.
Д-р Шари Липнер, дерматолог, вели дека повеќето луѓе нанесуваат антиперспирант само наутро, но треба да размислите да го нанесувате и навечер.
– Навечер помалку се потиме, па антиперспирантот може да дојде во поблизок контакт со потните жлезди и да го намали потењето – изјави доктор Липнер, пишува The Sun.
Антиперспирантите делуваат така што создаваат јаз во близина на врвот на потните жлезди, со што правилно се ограничува количината на пот што ја „крши“ површината на нашата кожа. Навечер, а особено после туширање, антиперспирантот има повеќе време да се стегне и да спречи потење.
Д-р Липнер додаде дека нема да треба да нанесувате антиперспирант наутро ако го следите овој метод.
Друг начин да го намалите потењето во текот на ноќта е да носите лесна облека која впива пот, објаснува дерматологот.