Дали политиката на Александар Вучиќ го допре дното !? САД го стави на црната листа Александар Вучин – причина: Корупција, криминал, дрога…
Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции против директорот на српската тајна служба – Александар Вулин, обвинувајќи го за поттикнување руски активности и за врски со трговци со оружје и наркотици, објави во вторникот Министерството за финансии на САД.
Александар Вулин е близок соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ и прв човек на Социјалистичката партија на Србија, која е дел од владејачката коалиција.
Директорот на Безбедносно информативната агенција (БИА), Александар Вулин е познат по своите проруски ставови.
Санкциите значат дека Александар Вулин или имотот во сопственост на американски граѓани со кои тој има интерес се блокирани во САД. На поединци и субјекти во САД исто така им се забранети сите трансакции со него.
„Александар Вулин е вклучен во операции поврзани со трговија со дрога и злоупотреба на власта и во промовирање на малигното влијание на Русија“, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.
„Тој ги користеше јавните функции за да ја поддржи Русија, да ги зајакне руските малигни активности кои ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и да и обезбедат платформа на Русија да го прошири своето влијание во регионот“, се додава во соопштението.
Српските власти се уште не реагирале на одлуката на САД.
Иако Белград постојано ја осудува руската инвазија на Украина, властите во Србија не се приклучи кон меѓународните санкции против Русија.
Србија е кандидат за влез во Европската унија и на тој пат мора да се справи со длабоко вкоренетата корупција и организираниот криминал и да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.