Украинците го исмејуваат Владимир Путин, но експертите многу сериозно тврдат: “Евгениј Пригожин е мртов човек што оди!“

Министерството за одбрана на Украина го исмеваше Владимир Путин откако Кремљ во понеделникот потврди дека рускиот претседател се сретнал со Евгениј Пригожин на 29. јуни, пет дена откако првиот човек на групата Вагнер организираше бунт против руското воено раководство.

И покрај веста за разговорите на Евгениј Пригожин со Владимир Путин, основачот на Вагнер е всушност мртовец што оди“, вели Марк Темники, соработник на Евроазискиот центар на Атлантскиот совет, за Newsweek.

Да потсетиме, веднаш по завршувањето на бунтот, Кремљ најпрвин соопшти дека не знаат каде се наоѓа Евгениј Пригожин, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека лидерот на Вагнер и неговите команданти ја изразиле својата лојалност кон Владимир Путин и неговите воени напори.

Внимание! Оние кои планираат државен удар во Русија мора однапред да резервираат состанок за ‘пост-пуч’ во Кремљ! Имајте на ум дека и вие ќе мора да сте во карантин две недели. Ве молиме планирајте ги овие настани однапред“, објави во вторникот Министерството за одбрана на Украина на социјалната мрежа Твитер, очигледно исмевајќи го фактот дека за време на пандемијата со вирусот Ковид-19, сите мораа да поминат двонеделен карантин пред личната средба со Владимир Путин.

Неодамнешната средба меѓу рускиот претседател и Евгениј Пригожин наводно траела три часа, но се уште не е познато дали таму биле и службеници од Министерството за одбрана на Русија.

Владимир Путин го претстави својот став за бунтот на Вагнер, но во исто време ги слушаше сите нивни објаснувања, па дури и им понуди дополнителни можности за вработување“, соопшти потпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Кремљ можеби ја информираше јавноста за спорната средба за да одговори на клучното прашање – зошто Евгениј Пригожин може слободно да се движи во Русија без да се соочи со правни постапки“, соопшти во понеделникот Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон. Покрај тоа, останува нејасно дали Евгениј Пригожин имал внатрешна поддршка за неговиот бунт.

На почетокот, Евгениј Пригожин очигледно веруваше дека има поголема поддршка од високи руски функционери и воени офицери, но кога го започна бунтот, никој од овие луѓе не му дојде на помош. Можно е Владимир Путин и неговите лојалисти да ја поткопале неговата поддршка штом дознале за бунтот. Верувам дека Евгениј Пригожин сега е мртов човек кој оди. Ќе биде интересно да се види што ќе се случи понатаму со неговото вклучување и Вагнер во војната во Украина“, вели Марк Темники за Newsweek.