Состанок во четири очи – Реџеп Таип Ердоган и Џо Бајден се сретнаа во Вилнус, а Белата куќа потврди: “Турција ќе добие борбени авиони F-16!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходниот ден разговараа за одбранбените и економските приоритети за време на состанокот во Вилнус, соопшти Белата куќа, еден ден откако официјална Анкара го поддржа членството на Шведска во НАТО.

Во договор со Конгресот, администрацијата на Џо Бајден ќе и продаде борбени авиони F-16 на Турција“, изјави претходно во вторникот советникот на Џо Бајден за национална безбедност Џејк Саливан.

Турција, која беше последната пречка на патот на Шведска кон членство во НАТО, побара од компанијата Lockheed Marine во октомври 2021 година да купи борбени авиони F-16 и речиси 80 комплети за модернизација за нејзините постоечки авиони, во договор вреден 20 милијарди долари.

Сепак, тензиите меѓу членките на НАТО, Турција и Грција, која сака да купи авиони F-35 од САД, можеше да биде камен на сопнување за продажбата на F-16 на Анкара.

Некои дипломати и аналитичари веруваат дека Реџеп Таип Ердоган ја искористил кандидатурата на Шведска за членство во НАТО за да изврши притисок врз Вашингтон да му го продаде F-16 и дека Џо Бајден го потпишал договорот.

Поранешниот француски амбасадор во ВашингтонЖерар Ао на социјалната мрежа Твитер напиша дека – „Уцената на Шведска се исплатеше