Дали Путин и Трамп ќе се сретнат на погребот на папата!? Песков откри дали претседателот на Русија патува во Ватикан! (фото)
Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциско, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Не, претседателот Путин не планираше да присуствува на погребот на папата Франциско“, им одговори Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.
Шефот на Канцеларијата за литургиски церемонии во Ватикан, монсињор Диего Равели, претходно денеска изјави дека свечената погребна церемонија и погребот на папата Франциско ќе се одржат во сабота, пренесе АНСА.
Песков се осврна на предлогот на официјален Киев за запирање на нападите врз цивилната инфраструктура и рече дека тој треба да се анализира земајќи го предвид искуството од велигденското примирје.
Тој додаде дека ако Украина е подготвена и отворена за дијалог, треба да се преземат чекори за отстранување на правните пречки за преговорите со Русија, пренесува Танјуг.
„Рускиот претседател Владимир Путин повторно ја изрази својата подготвеност за разговори со Украина за идејата за прекин на нападите врз цивилни цели“, рече Песков и потсети дека Путин во понеделникот изјавил дека предлогот за воведување мораториум на нападите врз цивилната инфраструктура треба да се разговара билатерално со Украина, пренесува РИА Новости.
Песков потврди дека Кремљ ќе ја информира јавноста за следната посета на Русија на Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, „ако Виткоф дојде во Русија“.

Да потсетиме, претходно американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тој и неговата сопруга Меланија ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во Рим.
„Јас и Меланија ќе одиме на погребот на папата Франциско. Чест ни е што сме таму“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.