Дали сакате да го зачувате здравјето на мозокот? Престанете со вообичаената работна навика

Многу луѓе сакаат да прават повеќе работи во исто време за заштеда на време, но една од најчестите може да има негативно влијание врз здравјето на мозокот. Според експертите, иако мултитаскингот – извршување на неколку задачи истовремено – изгледа ефикасно, всушност го исцрпува мозокот и ја намалува продуктивноста.

“Мозокот може да прави само една работа во исто време. Кога правиме повеќе задачи, всушност многу брзо се префрламе од една задача на друга, што создава илузија дека правиме неколку работи истовремено”, објаснува невропсихологот др. Џефри Портној за Парада.

Мултитаскингот не само што е помалку ефикасен, туку може да предизвика повеќе грешки и дополнителен стрес. Неврологот др. Мухамед Аршад истакнува: „Префрлањето помеѓу задачите, иако е потребно помалку од секунда, го зголемува напорот на мозокот и може да го намали продуктивното време за дури 40 проценти“. Тој додава дека мултитаскингот често води до ментална исцрпеност и послаб квалитет на завршената работа.

Наместо мултитаскинг, експертите препорачуваат да се фокусирате на една задача во исто време.

„Мозокот најдобро функционира кога целосно се фокусира на една активност“, вели д-р. Портној.

Тој предлага да оставиме кратки белешки ако треба да паузираме некоја задача за да ни помогне да се вратиме на работа. Тој советува и воведување кратки паузи во текот на денот, за мозокот да се освежи.

„Мозокот продолжува да работи во заднина дури и додека се одмарате“, вели тој.

Добриот сон, хидратацијата и исхраната богата со хранливи материи се исто така клучни за поддршка на мозокот.

„Побарајте помош кога ви е потребна и избегнувајте прекувремена работа за да го заштитите здравјето на мозокот“, заклучува др. Аршад.