Дали сакате нешто слатко? Направете вкусна торта од шолја за само неколку минути

Имате ненајавени гости или сакате нешто слатко? Имаме одлично решение за вас. Направете брза торта во шолја, ќе биде готова за само неколку минути.

За оваа торта ви треба голема шолја, а состојките се идентични со оние кои би ги искористиле за да направите печен колач од рерна.

Потребни состојки:

  • 1/4 чаша брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици незасладено какао во прав
  • 1/4 лажица прашок за пециво
  • 1/8 лажица сол
  • 1/3 чаша полномасно млеко
  • 2 лажици стопен путер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 4 парчиња карамела, исечени на четвртинки
  • 1/4 шолја сечкани ореви

Начин на подготовка:

Најпрво склопете ги и измешајте ги сите суви состојки, па додадете го млекото, стопениот путер и ванилата. Истурете ја смесата во чаша.

Потоа измешајте карамела и оревите или пробајте ја вашата омилена комбинација на вкусови како чоколадо и путер од кикирики.

Кога колачот е готов и сместен во шолја, ставете го во микробранова печка околу 90 секунди со максимална моќност. Ако колачот не е готов, додадете уште 10 секунди додека не добиете задоволителна текстура.