Дали светот чека пресврт во односите меѓу Трамп и Путин? Претставник на Белата куќа изјави дека средбата нема да се одржи
И покрај подготовките што започнаа за средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Унгарија, поточно во Будимпешта, Белата куќа излезе со нови информации и изјави дека средбата нема да се одржи, барем засега.
Имено, според Ројтерс, еден од претставниците на Белата куќа изјавил дека Трамп и Путин нема да се сретнат во Будимпешта во скоро време.
„Нема планови за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во блиска иднина“, изјави во вторник висок функционер на Белата куќа“, рече тој.
Тој исто така истакнува дека нема да има средба на ниво на министри за надворешни работи.
„Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така, немаат планови да се сретнат лично“, рече претставникот, велејќи дека нивниот повик во понеделник бил „продуктивен“.
Досега нема официјални информации од Белата куќа за овие наводи. Исто така, ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту рускиот претседател Владимир Путин не се огласија.
Најавата за средбата меѓу двајцата лидери во Будимпешта предизвика бурни реакции, пред сè од европските земји, а многумина истакнаа дека ќе го забранат прелетувањето на рускиот претседателски авион во нивниот воздушен простор.