– Се тврди дека Северна Кореја пратила дополнителни воени трупи да се борат заедно со Русија против Украина.
Во веста што ја објави Јонхап, во информацијата што јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) ја сподели со медиумите, се наведува дека Северна Кореја пратила дополнителни војници за поддршка на Русија, но точниот број на овие војници сѐ уште не е утврден.
„Севернокорејските трупи се распоредени на линијата на фронтот во регионот Курск од првата недела на февруари“, се вели во информацијата.
Јужнокорејските медиуми минатиот месец објавија вести во кои тврдеа дека Северна Кореја пратила меѓу 1.000 и 3.000 војници во Курск да се борат на страната на Русија.
Се тврди дека Северна Кореја распоредила околу 11.000 војници во регионот Курск на западниот фронт на Русија во 2024 година.
НИС сподели разузнавачки извештај во кој се наведува дека загинале 300 од севернокорејските војници пратени на фронтот да се борат заедно со Русија против Украина, а околу 2.700 биле ранети.
– Односи Москва – Пјонгјанг
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека договорот за сеопфатно стратегиско партнерство потпишан меѓу Москва и Пјонгјанг во јуни 2024 година стапи на сила во декември 2024 година.
Овој договор предвидува заемна воена помош во случај на напад врз една од страните и ќе придонесе за изградба на мултиполарен светски поредок со неделив безбедносен систем во регионите на Североисточна Азија и Азија-Пацифик.