Тешко е да се одолее на празничната трпеза кога на неа се највкусните традиционални специјалитети, но и десерти како баклава и урми кои многумина често ги прејадуваат. Сепак, одредени видови чаеви можат да ви помогнат да се опоравите од „тешката храна“.
Познато е дека билните чаеви се еден вид лек за одредени здравствени состојби, но се одлични и за детоксикација на организмот, по што набрзо ќе се чувствувате подобро. Препорачливо е да ги пиете додека се млаки, бидејќи топлите можат да ви наштетат на стомакот.
Чај од камилица
Чајот од камилица е еден од најпопуларните чаеви поради неговиот благ вкус, а луѓето често го консумираат кога имаат варење. Овој чај го смирува целиот дигестивен систем и ги ублажува надуеноста и горушицата. Освен тоа, ги смирува и разните воспаленија и грчеви, а особено се препорачува доколку сте претерале со конзумирањето на газирани пијалоци.
Чај од нане
Чајот од нане е исто така еден од најчестите чаеви кои се препорачуваат доколку имате проблеми со варењето. Освен што ја вари храната, го освежува и телото. Одличен е за ублажување на желудочната киселина. Како и чајот од камилица, ги намалува грчевите и надуеноста.
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир помага при мачнини и воспаленија. Со своите ефекти ја зајакнува работата на имунитетот и го забрзува метаболизмот. Ако немате чај од ѓумбир, можете да користите свеж или мелен ѓумбир со тоа што ќе го додадете во друг чај. Посебно се препорачува доколку сте претерале со консумирањето тесто.
Зелен чај
Зелениот чај е познат по тоа што многу луѓе го пијат кога сакаат да го детоксифицираат телото. Освен што го забрзува метаболизмот, тој е одличен сојузник и во отстранувањето на масните наслаги. Богат е со антиоксиданси, го буди организмот и дава енергија, а се препорачува да се пие доколку сте јаделе мрсна храна.