Дали се укинуваат екскурзиите во странство? Хрватска се соочува со одлука поради трагедијата во која загина тинејџер
Во истрагата полицијата утврдила дека се работи за несреќен случај!
Тинејџер ја прескокнал оградата на балконот од ресторанот на петтиот кат и паднал.
Во гимназијата „Мате Балоте“ во Пореч денес бепе првиот работен ден по трагедијата што се случи во Прага ноќта меѓу петокот кон саботата кога за време на матурската екскурзија загина 17-годишен ученик откако падна од петти кат, пренесува Индекс.
Да потсетиме, полицијата во истрагата утврди дека се работи за несреќен случај. Младиот човек ја прескокнал оградата на балконот покрај ресторанот на петтиот кат и паднал. Најверојатно сакал да изведе паркур трик, изјави хрватската амбасадорка во Чешка, Љиљана Панчиров.
Телото на младиот човек веќе утре би можело да замине во Хрватска.
Градоначалникот на Пореч, Лорис Першуриќ, извести дека кризниот штаб за вакви ситуации во округот Истра започнува со психолошка помош, која, како што вели, ќе им биде потребна на сите.
– Многу е тешко да се потисне и спречи сето тоа, но дефинитивно во иднина можеби ќе треба да гледаме поинаку и можеби дури и да ги откажеме ваквите патувања – смета претседателката на Здружението на хрватските директори на средни училишта, Сузана Хитец.