Дали се чувствувате безволно, депресивно и немотивирано? Причината може да ве изненади
Многу фактори влијаат на нашето расположение.
Најновата студија спроведена на Универзитетот Емори додаде уште една на таа долга листа на придобивки од хуморот – воспаление.
Всушност, се покажа дека допаминот во мозокот („моторот“ што ја движи нашата мотивација) е под влијание на воспаление . Поточно – хронично, но благо воспаление.
„Кога нашето тело се бори со инфекција или е фокусирано на заздравување на раната, механизмот што ја „калибрира“ мотивацијата превзема, имено ја намалуваме за да не трошиме премногу енергија на работи кои не се важни за лекување“, објаснува професорот Мајкл Тредвеј од споменатиот универзитет, кој ја проучува врската помеѓу мотивацијата и менталната болест, пренесува Телеграф.

„Имаме силни докази дека нашиот имунолошки систем го саботира лачењето на едопамин со цел да му помогне на мозокот да се рекалибрира “, вели тој.
Лаички кажано, ако имате воспаление во вашето тело, нивото на допамин ќе ви биде пониско и ќе се чувствувате емотивно лошо и немотивирано. На пример, нема да имате волја да вежбате или да одите на работа.
Понекогаш е тешко да се открие воспалението. „Ако имате симптоми на главоболки, круп, оток, акни, замор, зголемување на телесната тежина, алергии, астма или чудни расположенија, лесно може да биде дека во вашето тело се јавува воспалителен процес“, додава проф. Мајкл Тредвеј.
„Ако нашата теорија е точна, би можеле да имаме големо влијание врз лекувањето на депресијата и другите ментални нарушувања кои можат да бидат предизвикани од воспаление“, вели коавторот на студијата, проф. Ендрју Милер.