Дали сте ‘маратонец’ или ‘спринтер’ во кревет !? Еве колку во просек траат интимните односи – повеќето не го надминуваат ова време, а еве и зошто!
Научна студија покажува колку во просек траат интимните врски односно сексот!
И додека едни се почесни „маратонци“, поточно нивните интимни врски траат подолго од просекот, други се задоволуваат со титулата „спринтер“, или на пократки ‘патеки’ во креветот. Сепак, почитуван експерт за лекување на машки интимни проблеми, д-р. Хари Фиш стави крај на различните шпекулации.
Во истражувањето за неговата книга „The Naked Truth – The Ultimate Sex Education for Adults“ тој открил дека 43 проценти од паровите во просек не водат љубов повеќе од две минути. Кај 27 отсто од луѓето, интимните односи траат во просек од три до седум минути, кај 18 отсто од нив задоволството е континуирано од седум до 15 минути, додека само 12 отсто од паровите велат дека нивните интимни односи, односно самата пенетрација трае од 15 минути до неколку часа…
Како главни „виновници“ за тоа ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која интимната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута. Повеќе од 90 отсто од жените не можат да доживеат кулминација во рок од две минути, па во таква врска дефинитивно трпи незадоволство.
„Постои голема варијација помеѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има значително повеќе чии страсни сесии се кратки“, објаснил овој експерт. Тој додал дека мажите кои не можат да ја одложат кулминацијата две минути по почетокот на односот, но не ја доживеат по 40 минути водење љубов, дефинитивно треба да го посетат својот доктор.