„ДАЛИ СТЕ НОРМАЛНИ ЛУЃЕ, ШТО СЕ ДЕРЕТЕ?!“ Гафот на водителката на РТС го преплави интернетот, таа збесна во програмата во живо (ВИДЕО)

Новинарката и водителка на РТС, Тијана Јевтиќ , имаше примедби за колегите зад камерите додека траеше програмата посветена на Олимписките игри во Париз, а тоа на нивно големо жалење се слушна во програмата во живо.

Откако го најави прилогот посветен на Олимписките игри, во програмата се слушна повишен глас на водителката:

„Весна, па дали сте нормални бре луѓе, што се дерете?!“

Видеото почна да се споделува со брзина на светлината на социјалните мрежи.

Патем, за време на свеченото отворање на Олимписките игри , се случија многу контроверзни ситуации.

Една фотографија од отворањето на Олимписките игри го обиколи светот, а бламот на танчерката сигурно нема наскоро да се заборави.