Некои работи во животот се толку добри што сакаме да ги правиме на ист начин, одново и одново, без многу промени. Според експертите, сексот не е еден од нив. Интимноста е исклучително важна за силни и стабилни врски, а ако веќе напамет знаете како ќе изгледа сексот со вашиот долгогодишен партнер, тогаш доаѓа до заситување.
Испробувањето различни секс пози може да направи чуда за вашата врска. Експертите сметаат дека на тој начин се развива доверба меѓу партнерите, а довербата е клучот за успешна и долга врска. Ако сте уморни од мисионерски, каубојски, лажички или кучешки, обидете се со жабја поза.
Froggy – поза за новите страници на Кама Сутра
Научниците, проучувајќи ги бизарните сексуални навики на водоземците, открија иновативна сексуална поза за која веруваат дека ќе го промени концептот на женското задоволство. Ова истражување може да послужи како инспирација за нова страница на Кама Сутра.
Станува збор за варијација на добро познатата обратна каубојска поза. Мажот седи на работ од креветот, со стапалата на подот. Жената треба да сe намести под мажот, со свртен грб, а нозете да и’ бидат широко раздвоени и споени до петите.
Инспирацијата за оваа поза доаѓа од јогата, која има бројни придобивки за нашето здравје. Оваа поза е одлична за циркулација, помага при болки во колковите, хемороиди и помага за нормално функционирање на дигестивниот систем. Во froggy style, жената е во преден план, па може да влијае на сопственото задоволство со преземање контрола и поставување на темпото.
Забавен, пријатен и различен секс
Ако преферирате doggy, пробајте уште една интересна поза – leapfrog, што во превод значи скок. Иако е инспирирана од скокањето на жабите, оваа поза не вклучува прескокнување преку партнерот за време на секс. За да уживате во оваа поза, треба да се спуштите на колена и раце, како во doggy style, но треба да го потпрете челото на креветот додека ги кревате колковите во воздух.
На овој начин можете да го обезбедите најмоќниот секс досега. Идеален е за парови кои уживаат во подлабока пенетрација. Тоа е забавна, удобна и различна поза, а ако додадете перници, ќе имате незаборавно искуство, вели Џенет Брито, клинички психолог и секс терапевт во Центарот за сексуално здравје на Хаваи.