Дали сте ‘црвени како рак’ и ви ‘гори’ кожата ? Дерматолозите советуваат пет работи што треба веднаш да ги направите кога ќе изгорите на сонце!

Претераното сончање воопшто не е добро, колку повеќе сте изложени на сонце толку повеќе и станувате „црвени како рак“, а со тоа се изложувате на ризик од развој на меланом.

Како најголем човечки орган, кожата заслужува соодветна грижа. Дерматологот д-р. Ида Оренго забележува дека луѓето, кои мислат дека ако изгорат, ја зајакнуваат кожата и создаваат добра „база“, живеат во заблуда. Меѓутоа, доколку сте се занеселе, премногу сте се изложиле на сонце и сте изгореле, еве совети од дерматолозите што да правите потоа:

1.) Ладниот туш ќе делува како еден вид освежување на изгорената кожа – намалувајќи го отокот и потенцијалните плускавци. Користете благ сапун без силни мириси. Исто така, по туширањето, не ја тријте грубо кожата со крпа, туку оставете ја да се исуши сама или тапкајте ја за да ја собере водата.

2.) Според советите на д-р. Лиа Џејкоб, лековите кои имаат антиинфламаторно дејство на кожата се идеално решение. „Обично им препорачувам на луѓето да земаат лекови против болки, доколку не сте алергични на ниту еден од нив“, вели таа. Овие лекови ќе помогнат при воспалението и ќе ја намалат болката и непријатното горење на кожата.

3.) Дерматолозите дефинитивно препорачуваат хидратантна крема за третман на изгореници. Избегнувајте разни лосиони кои содржат адитиви, бидејќи тие можат само дополнително да ја иритираат вашата кожа. Алое вера и кокосовото масло се одличен избор!

4.) Покрај ладниот туш, добро можат да помогнат и ладните облоги! Едноставно намокрете крпа со вода и ставете ја на изгореницата.

5.) Внимавајте да останете хидрирани со пиење многу вода, особено ако се има предвид дека нашето тело се состои од над 60% вода и дека хидратацијата е одговорна за здрав изглед на кожата.