ДАЛИ ‘СУЛТАНОТ’ ЌЕ БИДЕ СОБОРЕН ОД ВЛАСТ !? Реџеп Таип Ердоган заостанува зад својот главен ривал – ова се најновите анкети од Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган заостанува зад својот главен ривал Кемал Киличдароглу за повеќе од пет проценти пред претседателските избори в недела, според анкетата објавена во четвртокот од агенцијата Konda.

Анкетата покажа дека  Реџеп Таип Ердоган има 43,7 отсто поддршка, а Кемал Киличдароглу 49,3 отсто, што е малку помалку од мнозинството потребно за победа во првиот круг. Ова сугерира дека изборите ќе одат во втор круг помеѓу двајцата главни кандидати на 28. мај.

Изборите овој месец во Турција се најголемиот политички предизвик досега за турскиот претседател кој е на власт веќе две децении, а опозицијата ја смета за најдобра можност да го симнат од власт и да ја сменат неговата политика.

Претседателските и парламентарните избори се одржуваат на 14. мај, а можен втор круг на 28. мај.