ВИДЕО | ЕКСПЛОЗИЈА ВО МИЛАНО – Комбе полно со боци со кислород се запалило во центарот на градот: Неколку возила во пламен, црн чад ги покрива улиците

Денес во центарот на Милано, Италија, се случила голема експлозија, пишува Sky News.

Италјанскиот весник La Repubblica пишува дека експлодирало комбе кое превезувало боци со кислород, по што пламените јазици зафатиле неколку соседни возила.

Најмалку пет автомобили и четири мопеди се во пламен, јавуваат италијанските медиуми, а наводно има и повредени лица. Пожарникарите се на терен, а евакуирани се блиското училиште и домот за стари лица.