НЕСРЕЌА ВО ФИНСКА – Се урнал пешачки мост, 27 лица повредени од кои повеќето деца! Учениците кои биле на училишен излет паднале и се здобиле со тешки повреди

Околу 27 лица, меѓу кои и неколку ученици, се повредени при уривање на мост во финскиот град Епсом.

Според податоците на управата на болницата во Хелсинки, објавени од тамошните медиуми, голем дел од повредените се ученици од основно учичиште кои биле на училишен излет.

Мостот се урнал околу 09:30 часот, а болницата соопштила дека до 11:10 часот биле примени 15 пациенти.

Финска, полиција, финска полиција, epa07551161
Епсом, Финска

Повеќето од примените се здобиле со скршеници на коските откако паднале „неколку метри“ откако привремен пешачки мост попуштил и се урнал, објави Daily Star.

Инцидентот се случил во Епсом, на околу 20 километри од финската престолнина Хелсинки.

Полицијата во моментов врши увид на несреќата и врши технички увид на местото на настанот. Ситуацијата се уште се проценува и полицијата ќе објави повеќе информации кога ќе станат достапни.