Дали токму овде Владимир Путин ќе биде ‘уапсен’ !? Претседателот на Русија патува во Јужна Африка на самитот на БРИКС и покрај налогот од МКС
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, претходниот ден во Кејптаун, Јужна Африка се сретна со своите колеги од другите членки на економскиот блок на земјите во брз развој – БРИКС.
Пред почетокот на состанокот, официјалните лица се сомневаа во намерите на Западот во војната во Украина и го нарекоа Советот за безбедност на ОН „пропадната“ институција.
Јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор потврди дека е испратена покана до рускиот претседател Владимир Путин за самитот на БРИКС во Јужна Африка во август, иако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.
Доаѓањето на Владимир Путин би ја ставило Јужна Африка под огромен дипломатски притисок. Таа е потписник на договорот за Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на Владимир Путин за воени злосторства и киднапирање деца од Украина. Јужна Африка не го кажа јасно својот став по ова прашање, а критичарите велат дека се обидува да избегне јасна обврска да го уапси Владимир Путин доколку дојде.
Вчерашната средба на министрите за надворешни работи или претставници на земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка е подготовка за главниот самит. Се одржува помалку од две недели по состанокот на Г-7 на најголемите либерални економии.