Дали УЕФА ќе ги раздвои Србија и Албанија на жрепките за ЕП!? Дронови, палење знамиња: Ова е одговорот

Србија за првпат како независна земја и првпат по 2000 година се пласираше на Европското фудбалско првенство, а на истото натпреварување ќе биде и селекцијата на Албанија. УЕФА мака мачи со ждрепката за групната фаза и прашање е дали ќе ги разделат Србија и Албанија во евро- петовите поради сите тензии што се случуваат меѓу земјите.

Според проекциите на шеширот за ждрепката од групната фаза, Албанците ќе се најдат во вториот, а Србија во четвртиот шешир, па можна е и меѓусебна средба. Тоа ќе им направи големи проблеми на организаторите, а УЕФА би можела да размисли за воведување посебно правило според кое Србија и Албанија би биле разделени и не би можеле да се сретнат во групната фаза. Дали ќе се случи такво нешто?

Барем засега, тоа не е реална опција. Челниците на европската куќа на фудбалот сè уште не се изјасниле по ова прашање, но последната сцена која се случи во Тирана, каде албанските навивачи го запалија знамето на Србија и ѝ се заканија на Србија со порака „Ве чекаме“, крена голем број на прашања.

Позната е и ситуацијата со дронот што го носеше знамето на таканаречената „Голема Албанија“, кое Исмаил Морина го спушти на „Маракана“ во 2014 година. Потоа настана хаос, тепачки и прекини на играта, а тензиите не стивнуваат низ годините, па има сериозни закани дека нешто слично ќе се случи и на ЕП.

Ждрепката за групната фаза на ЕП ќе се одржи на втори декември годинава, а ќе видиме дали УЕФА дотогаш ќе ја промени одлуката околу разделување на Србија и Албанија.