ДАЛИ УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН “СЛУЧАЈНО“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД ТОА ШТО ТРЕБАШЕ !? Претседателката на ЕК за Украина: “Се преговара за праведен и траен мир“

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, денеска се залагаше Европската унија (ЕУ) да обезбеди голема финансиска поддршка за Украина и силно да ја поддржи кандидатурата на Киев за пристапување во ЕУ.

Таа зборуваше во пресрет на, како што се смета, еден од најтешките самити на европските лидери кои ќе се одржи во четврток и петок во Брисел, на кој ќе се одлучи дали ЕУ ќе го одобри почетокот на пристапните преговори со Украина, како и европската помош за 50 милиони евра во форма на „подароци“ и заеми.

Треба да и го дадеме на Украина она што и треба за да биде силна денес, да биде посилна утре, во моментот кога се преговара за праведен и траен мир“ посочи Урсула фон дер Лајен пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

Таа посочи дека во време кога војната се пролонгира, ЕУ треба да докаже што значат нејзините зборови дека ќе ја поддржува Украина „се додека е потребно“.

Украина не се бори само против напаѓачите, туку и за Европа. Приклучувањето кон нашето семејство ќе биде најголемата победа за Украина“, нагласи Урсула фон дер Лајен и додаде дека ЕУ треба да игра „одлучувачка улога“ за тоа.

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен

Според неа, ЕУ треба да гарантира стабилно и значително финансирање на Украина во следните четири години, што, како што истакна, ќе им даде доверба на инвеститорите и ќе им даде надеж на украинските борци.

Сепак, премиерот на УнгаријаВиктор Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој одржуваше блиски врски со Кремљ по почетокот на руската инвазија, се заканува дека ќе ги блокира клучните одлуки на ЕУ во врска со Украина.

Во надеж за отстранување на унгарската блокада, Европската комисија денеска треба да одлучи да ослободи уште 10 милијарди евра за Будимпешта. Тоа предизвика бурни реакции во Европскиот парламент, каде европратениците се загрижени дека Брисел ќе „попушти пред уцените“ на националистичкиот унгарски лидер.