Цеца купила луксузен стан на Копаоник: Ѓоковиќ некогаш живеел во иста зграда, се вселува за 20 дена

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари.

Имено, таа во зимските денови често е на Копаник, кој е за одмор, но и за сезона и работа, односно настапи.

Пејачката претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, Цеца решила да купи имот во оваа зимска бајка, пишува „Блиц“.

Цеца одамна планира да си обезбеди стан на Копаоник за себе и за своите најблиски, а пред настапот на 1 јануари следната година ќе ужива во топлината на својот дом на популарната туристичка локација, која неодамна ја купи.

Во истата зграда каде Цеца го купила станот, порано живеел и најдобриот тенисер – Новак Ѓоковиќ