Дали цел живот неправилно нанесуваме крема за сончање? Докторот вели дека многу луѓе прават една работа
Д-р Лоренс Канингам наведува дека многу луѓе ја прават истата грешка кога нанесуваат крема за сончање.
Лоренс Канингам, од UK Care Guide, изјавила дека многу луѓе не нанесуваат доволно крем за сончање.
– Многумина мислат дека малку крем овде-онде има доволно, но за да биде целосно делотворно, кремата за сончање треба да се нанесува обилно. Друга грешка е заборавањето повторно да се нанесе кремот во текот на денот – изјави докторката.
Кремата нанесувајте ја почесто и не заборавајте на одредени делови од телото
– Кремот за сончање се троши по неколку часа, особено ако пливате или се потите, па затоа повторното нанесување е од суштинско значење за континуирана заштита. Друга честа грешка е занемарувањето на одредени делови од телото, како што се ушите, задниот дел на вратот и врвот на стапалата. Овие области често се изложени на сонце и можат да изгорат исто толку лесно како и поочигледните места како лицето и рацете – изјави Канингам.
Како да изберете заштитен фактор?
Д-р Лоренс, исто така, вели дека е навистина важно да се практикува заштита од сонце и објаснува дека бројот на кремите за сончање има тенденција да ги збунува луѓето.
Станува збор за јачината на кремот за сончање, односно неговата способност да ве заштити од сонце одреден временски период. Поголем број на кремот, логично, значи дека ќе бидете подолго заштитени.
Д-р Лоренс вели дека 30 е најмалата заштита што треба да си ја дозволите на вашата кожа.
– Од она што го забележав, изборот на вистинскиот SPF (фактор за заштита од сонце) може да биде збунувачки. Добро правило е да го земете предвид типот на вашата кожа и интензитетот на изложување на сонце. SPF од 30 е генерално доволен за секојдневни активности каде што може случајно да бидете изложени на сонце. Меѓутоа, доколку поминувате долги периоди на отворено, на пример на плажа или планинарење, се препорачува SPF од 50 или повеќе – изјави докторката.
Обрнете внимание на чувствителноста на кожата
– Исто така, важно е да се земат предвид и други фактори, како што се чувствителноста на вашата кожа и која било претходна историја на изгореници од сонце или рак на кожата. Во мојата пракса, отсекогаш сум им препорачувал на лицата со светла кожа, со историја на рак на кожата или оние кои се склони кон изгореници, лесно да се одлучат за повисок заштитен фактор – нагласи д-р Канинган.
Тој додаде дека кремите за сончање со широк спектар, кои штитат и од УВА и од УВБ зраци, нудат посеопфатна заштита и се мудар избор за секого.
Д-р Лоренс целата своја кариера ја посвети на медицината и лекуваше многу пациенти кои страдаат од болести предизвикани од штетното влијание на сонцето.
Затоа апелира дека е императив да се заштитите од сонцето, особено при екстремни горештини, пренесува Daily Star.