Ако често имате зуење во ушите, што е познато како тинитус, правењето одредени промени во вашата исхрана може да ви помогне да се ослободите од овој проблем.
За многумина, ѕвонењето во ушите е повеќе од само мала нервоза. Може да биде целосно исцрпувачки бидејќи предизвикува нарушувања на спиењето, тешкотии во комуникацијата и проблеми со концентрацијата. Сите горенаведени фактори се главен извор на емоционален стрес.
Луѓето кои страдаат од тинитус имаат зголемен ризик од анксиозност и депресија, а некои студии покажаа дека тие имаат и поголема стапка на самоубиствени мисли.
Иако точната причина за тинитус е непозната, оваа состојба често се поврзува со губење на слухот, оштетување на внатрешното уво, изложеност на гласни звуци, одредени лекови на рецепт и разни медицински состојби.
Истражувачите во Кина анализираа осум претходни студии во кои беа вклучени повеќе од 300.000 луѓе. Резултатите покажале дека конзумирањето повеќе овошје, млечни производи и кофеин има поволни ефекти за решавање на проблемот.
Ризикот од тинитус се намалува за 35 проценти ако го зголемите внесот на овошје, за девет проценти ако го зголемите внесот на влакна, за 17 проценти ако консумирате повеќе млечни производи и за 10 проценти ако почесто консумирате кофеин.
Иако не е прецизно утврдена причината за нивната поврзаност со намалениот ризик од тинитус, експертите претпоставуваат дека тоа е затоа што позитивно делуваат на крвните садови и нервите, како и затоа што имаат антивоспалителни и антиоксидантни својства.
Сепак, експертите забележаа дека врската помеѓу кофеинот и тинитус останува „спорна“ точка на дебата. Иако некои велат дека ја намалува анксиозноста, а со тоа и тинитусот, други велат дека предизвикува несоница