Даниела Колева: “СДСМ обезбеди ново зголемување на платите во јавниот сектор“

СДСМ продолжува со вистинска грижа за македонските граѓани.

По цели 15 години, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски потпиша нов Општ колективен договор за јавниот сектор со синдикатите.

Со новиот општ колективен договор дополнително се унапредува заштитата на работничките права и условите за работа.

Со постигнатиот договор, веќе во септември, околу 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добијат повисока плата за 10 проценти.

За овие вработени исто така е обезбеден регрес за годишен одмор, односно К 15 во висина од 10.000 денари што ќе се исплати до крајот на годината.

Со новиот Колективен договор утврдена е и нова Методологија на плата која ќе се спроведува од март 2025 година, а износот на минимум К-15 ќе биде во износ од 30 отсто од просечната нето плата.

На тој начин обезбедуваме законска рамка за раст на платите во јавниот сектор, за никогаш повеќе зголемувањето на платата да не зависи од нечија политичка волја.

Грижата за граѓаните од страна на СДСМ е видлива и постојана.

Минималната плата од времето на ДПМНЕ ја зголемивме за над 100% а просечната плата за работниците за над 70%.

Во образованието платите ги зголемивме за над 36% во изминатите 5 години.

Вработените во здравство во три наврати добија зголемување на платите а зголемување на платите обезбедивме и во Армијата, МВР, судството, детската заштита…

Сето ова влијае на подигање на животниот стандард на граѓаните, на работниците и унапредување на условите за работа во јавниот сектор.

СДСМ во цени и го вреднува трудот на работниците. Продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани. 

СООПШТЕНИЕ – Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.