СДСМ со “Рамо до рамо до победа“ во посета на Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево и Карбинци

Тимови на СДСМ како дел од големата теренска активност „Рамо до рамо до победа“ попладнево беа во посета и на населените места Македонска Каменица и Пехчево.

Во Македонска Каменица, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и членот на Извршниот одбор, Никола Рилак со граѓаните разговараа за антикризните мерки за поддршка на граѓаните во справување со последиците од економската криза.

– Во време на глобална економска криза презедовме навремени и ефикасни економски мерки кои им помогнаа на граѓаните. Денес, кога последиците од кризата се уште се чувствуваат ние ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, а пензиите ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто, што јасно покажува дека нашата економија е стабилна и конкурента. Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работа сила,  кога пензионерите беа манипулирани со скромно покачување на пензиите надвор од закон и секогаш пред избори, како тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Денес македонскиот работник, македонскиот пензионер е почитуван и помогнат од државата, за да живее подобро, порача Лукаревска.

Членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, заедно со Даријан Сотироски беше заедно со граѓаните на општина Пехчево, каде пред присутните ја посочи разликата помеѓу одговорниот, домаќански и чесен пристап на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и неработењето на нивните градоначалници во 40ина општини низ државата.

Теренските посети на тимовите на СДСМ  „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжуваат и во источниот регион.

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, заедно со Виктор Велевски беше со граѓаните на општина Карбинци.

– СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за пензионерите, како и за земјоделците. Во време на светска економска и енергетска криза, кога во Европа се појави недостиг на храна, ние преку националниот план за производство на храна, преку силна и навремена поддршка за земјоделците, не дозволивме пазарите и маркетите да останат празни. Денес нашите земјоделци имаат гарантиран откуп, нивниот труд се цени и вреднува, порача Костадинов.

Во општина Берово, членот на ИО на СДСМ, Никица Бачовски, заедно со Благојче Трпески пред присутните порача дека СДСМ за прв пат воведе авансна исплата на субвенциите за земјоделците, со цел поддршката да биде навремена и тогаш кога им е најпотребна, пред почетокот на производствената сезона.

Членката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ, заедно со Кети Василевска беше меѓу граѓаните на Делчево каде со нив разговараше за европската иднина на државата, потенцирајќи дека СДСМ со своите државнички одлуки ги реализира стратешките цели на државата, членство во НАТО и почеток на преговори и членство во ЕУ.

СДСМ – Центар за комуникации со јавност.