КАРЛЕУША ЖЕСТОКО УДРИ ПО ЦЕЦА! Прозивките се редат, мрежите ГОРАТ: Како е најголема балканска ѕвезда кога влезот и е ЗАБРАНЕТ?

Јелена Карлеуша бурно реагираше на клип на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а под клипот остави брутален коментар.

На социјалните мрежи се појави клип од интервјуто на Цеца, а насловот гласеше „најголемата балканска ѕвезда“, што не и се допадна на долгогодишната лута ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша, која веднаш реагираше и ја поткачи .

Како бре најголемата балканска ѕвезда кога и е забранет влезот во половина од тие земји?! До кога ќе пишувате лаги и глупости?! Па, погледнете што пишуваат луѓето во коментарите? Доста веќе фаворизирате криминалци“, напиша Јелена под споменатиот рилс.

Конфликтот на Цеца и Јелена датира од деведесетите, кога Јелена гостуваше во популарната „Минимаксовизија“ заедно со покојниот сопруг на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тогаш, како што еднаш раскажа Карлеуша, дошло до конфликт меѓу нив двe. Наводно, тогаш во одбрана на Карлеуша застанал починатиот Минимакс, а деталите не се познати.

Конфликтот подоцна прерасна во повеќегодишна естрадна војна, а Цеца и Јелена со години се во судски процес. Минатата година ЈК поради една нејзина изјава влезе во војна со Ана Николиќ , а на почетокот на годината повторно влезе во конфликт со Дара Бубамар поради песната „Кока Рока“ која ја објави Дара, а која таа претходно купила од покојниот композитор Милан Лаќа Радуловиќ.

Карлеуша бурно реагираше и по неодамнешното појавување на Тамара Ѓуриќ и пејачката Надица Адемов во емисијата „Амиџи шоу“. Во програмата во живо дојде до конфликт меѓу Тамара и Надица – старлетата рече дека „не знае ни која е“, а набрзо ЈК застана на страната на помладата колешка.