Данска започна со обуката за украинските пилоти за авионите Ф-16

– Данска започна со обуката за украинските пилоти за авионите Ф-16.

Оваа информација во изјава за националниот јавен сервис ДР ја потврди Троелс Лунд Поулсен, вршител на должноста министер за одбрана на Данска.

Тој нагласи дека планираат на Украина да ѝ донираат авиони од типот Ф-16.

Според него, за да се изврши оваа донација на авионите Ф-16 на Украина, потребно е украинските пилоти да учествуваат на обука во времетраење од 6 до 8 месеци.

Пулсен информира дека обуките за украинските пилоти за авионите Ф-16 се започнати.

Инаку, Данска нарача 27 авиони од типот Ф-35А со цел да ги заменат авионите Ф-16 во нејзината флота. Новите воени авиони се очекува да влезат во инвентарот на Данските вооружени сили од крајот на 2023 година.