Данска ќе го забрани палењето на Куранот

– Данската Влада ќе го забрани јавното сквернавење на Куранот, изјави Питер Хумелгард, министерот за правда на Данска.

Хумелгард рече дека Владата ќе воведе нацрт-закон за забрана на палење верски списи на јавни места, објави весникот „Екстра бладет“.

„Јавното палење на религиозни списи мора да биде казниво до две години затвор“, рече Хумелгард за време на прес-конференција.

Нарекувајќи го палењето на Куранот фундаментално исмејувачки и несимпатичен чин, министерот за правда нагласи дека сквернавењето на светата книга на исламот, исто така, им штети на Данска и на нејзините интереси.

Исламофобични поединци и групи во северна Европа зачестено спроведуваат палење на Куранот и слични обиди во последниве месеци со цел да ја осквернават муслиманската света книга, предизвикувајќи гнев кај муслиманските земји и остатокот од светот.