Победникот на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ вели дека во неговата работа е нормално да ве „понесе“ славата и изобилството со кое сте опкружени.
Дарко Лазиќ се осврна на состојбата во балканскиот шоубизнис и призна дека популарноста го ,,опила” него, но и другите негови колеги.
– Секако, популарноста ме понесе. Ова ќе го кажам по илјадити пат, слободно нека се навредат колегите, но секој што ќе каже дека парите и славата не го ,,опиле”, лаже! Некој се занесува и тој човек никогаш не слетува на земја, а има и некои од нас кои малку се поприземни. Некои летаат повеќе, некои помалку, но нема човек кој славата не го удри по глава. Тоа е моето најискрено мислење – призна Дарко.
Лазиќ тврди дека по една деценија „лутање“ успеал да ја најде својата мирна оаза, а истакнува дека сопругата Катарина апсолутно го поддржува во сè.
– Мислам дека сега достигнав одредена возраст каде што го најдов мојот вистински пат и мојата вистинска љубов. Најдов личност со која се разбирам, со која можам да молчам и пред сè да бидам целосно искрен и отворен. Ние луѓето правиме многу грешки кога понекогаш одлучуваме да се криеме и да молчиме за некои проблеми, а искреноста во бракот и врските е најважна – истакна пејачoт, а потоа додаде:
– Дури тогаш таа личност може да ве разбере и поддржи. Ако некој навистина ве сака, нема да му пречи што сте во неволја или долгови, туку ќе ве поддржат и ќе ви помогнат да се извлечете од тоа.
Кога ќе завршат празниците, тој истакнува дека ќе има полни раце работа, по што планира одмор на некоја егзотична дестинација.
– Се подготвувам за новогодишната идила, која ја обожавам, а потоа и мала американска турнеја, најверојатно. А од февруари идам два месеци на одмор, го исклучувам телефонот! Ќе има некои потопли места, но сигурно малку море. Не стигнав ни на меден месец да одам – откри за Гранд.