Дарко Филиповиќ сите заштеди ги инвестирал во приватен бизнис! Од ова заработува многу пари, поисплатливо е од пеењето! (фото)
Фолкерот Дарко Филиповиќ неодамна објави дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Јасмин и ја обвини дека го изневерува со негов пријател.
– Ако не се срами, нека ви ја каже вистинската причина. Таа ме изневеруваше долго време со нејзиното поранешно момче. Треба да се засрами, бидејќи сите нејзини блиски ја отфрлија. Како што гледате, имам чист образ и затоа од срам не менувам броеви или бришам профили на Инстаграм. И посакувам сè најдобро, рече меѓу другото.
Дарко Филиповиќ се прослави пред две децении со учеството на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Последниве години, како што објавија медиумите, тој заработува многу повеќе од приватен бизнис отколку од пеење.
– Откако влегов во „Ѕвездите на Гранд” веднаш инвестирав во недвижен имот. Инвестирав во станови во Грција, кои ги издавам и тоа е приказната – објасни неодамна Дарко.
Станува збор за недвижен имот во Грција, односно за два стана во близина на Солун, кои ги издава и од него обезбедува добар живот.
-Поточно не сум баш во Солун, тоа е место до Солун на море, се вика Переа. Таму зедов два стана, еден за себе, еден го издавам на туристи преку агенцијата со која контактирав – изјави тогаш Филиповиќ во специјалната емисија на Ѕвездите на Гранд.
Да потсетиме, Јасмина и Дарко ја добија ќерката Настја.