На почетокот на учебната 2024/2025 година во редовните основни училишта во земјава се запишани 180.627 ученици, што претставува намалување за 0,8 отсто во однос на претходната учебна година.
Според податоците што ги објави Државната агенција за статистика, за 0,2 отсто е намален и бројот на средношколци во однос на лани. На почетокот на 2024/2025 година во средните училишта имало 67.143 ученици.
Во основните училишта на почетокот на 2024/2025 година имало вкупно 180.627 ученици, додека минатата учебна година бројот на ученици бил 182.124.
Иако е намален бројот на ученици во основните училишта, има зголемување на бројот на наставници. Минатата учебна година имало 18.831 наставник, додека годинава бројката е зголемена на 19.447.