„Да нема дилеми“ Што му порача Вучиќ на шефот на шведската дипломатија: Постојано гледам една иста политичка финта

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, изјави дека разговарале и за ситуацијата на Косово и Метохија и дека за да нема дилеми, го повтори ставот на Србија – нема да го поддржиме членството на Косово во ОН.

– Разговаравме и за ситуацијата на Косово и Метохија и повторив: За да се избегне каква било дилема – Србија ќе го исполни она што го кажа, но нема да го поддржи членството на Косово во ОН и специјализираните агенции и институции на ОН.

-Јасно ги информирав сите учесници во преговорите и другата страна и Борељ, Лајчак, Шолац, Макрон и Блинкен и сите на земјината топка со кои разговаравме – рече Вучиќ.

Тој на новинарите им пренесе дека на гостинот од Шведска му рекол дека видел дека постојано се игра политичка финта во медиумите. Важно е Албанците да започнат процес на формирање на ЗСО, а не Србија веднаш да исполни сè што ќе им текне. Работите не одат така.

– Работите стојат вака. Денеска се навршуваат 10 години од Бриселскиот договор. Вие ја формирате ЗСО со суштински овластувања. Кога ќе ги реализирате вашите овластувања? Србија секогаш си го одржала зборот, како и по Бирслескиот договор и во иднина Србија ќе го исполни својот дел од работата. Но, нема игри повеќе! Кога вие ќе ги исполните вашите ветувања тогаш и ние ќе го исполниме нашиот дел – истакна Вучиќ.

Како што рече, можеби во знак на добра волја ќе направиме нешто еднострано, но тоа нема врска со обврската на Приштина во целост да го исполни договореното.

– Па, дури тогаш треба да направиме сè друго, бидејќи тоа е обврска што не беше прифатена ниту во февруари, ниту во март годинава или во ноември минатата година, тоа е обврска што постои од 19 април 2013 година – нагласи Вучиќ.